Чендлер за борбата со Мек Грегор: 84 кг добро ќе ми одговараат

Мајкл Чендлер ја коментираше борбата со Конор Мекгрегор откако „Озлогласениот “ официјално ја објави на социјалните мрежи.

Ирската суперѕвезда сподели дека двајцата ќе се борат во јуни на Меѓународната недела на борбите во Лас Вегас. Изненадувачки е што Мек Грегор сака борбата да биде во средна категорија која е до 84 килограми. Конор никогаш не бил конкурент на овие тежини, но очигледно сака да се предизвикува себеси и да не губи време за слабеење.

Во минатото, Конор се натпреваруваше во перо и лесна категорија. Тој имаше две борби во полусредна категорија со Нејт Дијаз, при што забележа победа и пораз. Конор сега сака да оди во средна категорија, а Чендлер смета дека добро ќе му одговараат 84 килограми.

„Отсекогаш сум велел дека го сакам Конор Мек Грегор во неговата најдобра форма. 84 килограми добро ќе ми одговараат. Да не заборавиме кој се бореше во перо категорија (65 кг) и тој избра борци од бантам категорија (61 кг)“, напиша Чендлер откако Мек Грегор ја најави борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON