Чендлер: Оливеира ми е најопасниот противник

Поранешниот шампион во Белатор и актуелен кандидат за титулата на УФЦ, Мајкл Чендлер знае дека му претстои тешка битка викендов. Тој ќе се соочи со Чарлс Оливеира за да открие кој ќе биде следниот шампион во лесна категорија.

Во неодамнешното интервју, Чендлер ги пофали вештините на противникот и изјави на што ќе се фокусира пред натпреварот.

„Многу тренирам џиу џицу, затоа што Чарлс е многу добар. Тој е најстрашниот противник со кој сум се соочил во мојата кариера. Не само поради неговите рекордни победи. Имам искуство во борење, па затоа нема да дозволам лесно ме фати за врат“.

Иако е свесен колку е добра неговата борба на партер, Чарлс се надева дека ќе ја прекине оваа битка, но во стој позиција.

„Очекувам нокаут во првата или втората рунда, но подготви се за војна од 25 минути. Кога ќе се соочиш со некој како Чарлс, тоа може да ти бидат најнепријатните 25 минути од животот. Тој не е поразен на последните 8 меча. Сега е неговата шанса да блесне. Ќе го видиме најдоброто од него. Нема да биде лесно, но верувам дека можам да победам”.

Тие ќе се сретнат на главниот настан на УФЦ 262 што ќе се одржи на 15 мај во Хјустон, Тексас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON