Мајкл Чендлер очигледно не ја сфаќа сериозно неговата претстојна битка со Тони Фергусон.
На 7 мај во Аризона ќе гледаме дуел во лесна категорија меѓу Чендлер и Фергусон. Нивната борба ќе биде дел од УФЦ 274 која ќе одлучува за судбината појасот во лесна категорија. Чендлер е во серија од 2 последователни порази и доаѓа по поразот од Џастин Гејџи.
Фергусон, пак, е во серија од 3 последователни порази и доаѓа по поразот од Бенеил Дариуш. Тони нема победа 3 години и ако загуби од Чендлер ќе биде ослободен од УФЦ. Мајкл веќе прогнозира победа над Фергусон и цели кон Конор Мек Грегор.
35-годишниот поранешен шампион во Белатор е подготвен за Конор во јули или август.
„Само сакам да се борам со Конор поради обемот на моментот. Влегувате во октагонот, правите нешто навистина големо и се борите со тоа пред сите гледачи на ММА.
Мислам на гледачи од целиот свет. Нема да добиете ништо поспектакуларно од борба со Конор Мек Грегор. Ќе го поразам Фергусон во мај, а потоа ќе се вратам во јули или август за да се соочам со него.
Јас сум одлична опција за Конор. Доколку се врати и не добие шанса за титула, ќе мора да помине преку некој друг за да дојде до титулата.
Ако дојде и ме победи, дефинитивно ќе ја добие шампионската борба“, изјави Чендлер за ММА фајтинг.