Камерунецот Френсис Нгану се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од УФЦ.
Поранешниот шампион на најголемата светска ММА организација пред неколку месеци потврди дека на маса има две интересни понуди од ПФЛ и ОНЕ шампионат, но се чини дека азиската промоција се откажа од камерунскиот борец.
Чатри Ситијдтонг, првиот човек на ОНЕ, истакнува дека организацијата нема намера да го ангажира Нгану.
„Со Френсис разговаравме три часа и на крајот се откажавме. Не можеме да му дадеме повеќе од она што му го понудивме“, вели Чатри Ситјодтонг и додава:
„Френсис е добра личност и шампион, и му посакувам многу успех и среќа во продолжението на кариерата. Не можевме да се договориме за некои работи, кои не се поврзани со пари. Ништо лично“.
Френсис Нгану се уште не ја завршил кариерата во ММА, а сигурно сега прва желба му е да приреди голем боксерски меч.
View this post on Instagram