Конор Мек Грегор во втората половина од годината би требало да се бори со Мајкл Чендлер, а со евентуална победа би можел да добие шанса да се бори за шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија.
Големата ММА ѕвезда беше тешко повредена во јули 2021 година на мечот против Дастин Пориер, па навивачите со нетрпение го очекуваат неговото враќање во октагонот.
И додека некои борци сметаат дека е неправедно толку брзо Конор да добие шанса да се бори за титулата, поранешниот шампион Чарлс Оливиера верува дека Мек Грегор ќе загуби од Чендлер.
„Конор нема да ја добие таа борба, тој само продава натпревари. Тој е одличен за промоција и луѓето ги сакаат неговите борби, но мислам дека нема да го победи Чендлер. Не мора да мислам дека ќе атакува на титулата. Мајкл е експлозивен борец, а Конор не се бори долго време. Верувам дека Чендлер ќе го победи Мек Грегор“, изјави Чарлс Оливиера.
Неговата изјава го привлече вниманието на Конор, а тој му рече да молчи, бидејќи неговиот скор против Бразилците е 2-0 (ги победи Диего Брандо и Жозе Алдо), а подоцна додаде дека неговиот скор е всушност 3-0, бидејќи Рафаел дос Анчос се исплашил .
Мек Грегор и Дос Анчос требаше да се пресметаат во 2016 година, но Бразилецот се повреди и мечот не се случи. Нејт Дијаз влезе како замена и го победи славниот Ирец.
View this post on Instagram