Чарлс Оливеира: Шампионот во лесна категорија се вика Чарлс Оливеира

Чарлс Оливеира веднаш по главниот настан на УФЦ 311 почна да бара реванш за шампионскиот појас со Ислам Махачев.

Минатиот викенд на УФЦ 311, Ислам Махачев лесно се справи со Ренато Моикано, кој влезе во последен момент на местото на Арман Царукјан. Ислам победи со завршница во првата рунда и се наметна како легенда во категоријата. Претседателот на УФЦ Дана Вајт изјави дека Царукјан нема да добие реванш со Махачев и ќе мора уште еднаш да се бори за да дојде до титулата.

Самиот Чарлс Оливеира, кој во живо ја гледаше борбата на Махачев против Моикано, верува дека тој е следен. На крајот на 2022 година Чарлс загуби од Махачев и оттогаш забележа 2 победи и 1 пораз со поделена одлука од Царукјан. Оливеира го пофали Махачев, но јасно стави до знаење дека неговата следна борба треба да биде против него.

„Тоа беше одлична борба. Ислам Махачев е шампион. Тој го направи она што требаше да го направи. Но јас сум следниот и го знае тоа. Шампионот во лесна категорија се вика Чарлс Оливеира. Подготвен сум за тоа“, рече Оливеира.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО