Чарлс Оливеира сака повторно да биде шампион: Борбата против Дариуш сигурно нема да биде досадна

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Чарлс Оливеира, последен пат настапи во октомври минатата година, кога загуби од Ислам Махачев во втората рунда со завршница (гушење со рачен триаголник).

Бразилскиот борец најави нов атак на титулата, но на патот до тој меч прво мора да го помине Бенеил Дариуш.

Нивната борба е вклучена во програмата на настанот УФЦ 288 кој ќе се одржи на 6 мај во Прудентал центарот во Њуарк, Њу Џерси.

На истиот настан Алџамејн Стерлинг ќе го брани шампионскиот појас во бантам категорија против Хенри Сехудо.

„Не сакам да ја повторувам истата грешка, не сакам однапред да кажам дека ќе победам. Во оваа борба јас ќе бидам ловецот, ќе го нападнам и не ми е важно како ќе ја постигнам победата, дали ќе биде со нокаут, со принуда или со судиска одлука. Не знам дали ќе имам конкретен план. Не тактизирам, тоа не е мој стил. Ќе нападнам“, рече Чарлс Оливеира и додаде:

„Нашата борба сигурно нема да биде досадна. Може да бидам во нокдаун или на подот, но ќе ме видите како ќе станам. Дариуш беше во нокаут или изгуби со прекин во борба на партер. Сите ние имаме некоја слабост, има и тој. Но, јас навистина сакам повторно да станам шампион, да победувам и да испишам историја. Јас сум лав што лови и гладен сум за победа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON