Чарлс Оливеира го најави мечот против Гејџи: Ќе видиме кој има посилни удари

Чарлс Оливеира на 7 мај по втор пат ќе го брани шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија. Бразилецот на УФЦ 274 во Феникс ќе се бори против предизвикувачот Џастин Гејџи.

Шампионот го чека силен напаѓач кој со своите комбинации им прави голема штета на противниците.

Оливеира е еден од најдобрите „граплери“ во ММА и знае како тоа може да биде ефективно оружје на мечот против Гејџи, но не и единственото.

„Нашата борба ќе биде вистинска војна, а јас сум борец кој оди само напред. Многумина ми велат дека треба да ја однесам борбата на партер што е можно поскоро, но мислам дека тоа не е толку важно. Имам силни раце и постојано напредувам“, вели Чарлс Оливеира и додава:

„Знам дека сум добар за соборување, но мислам дека тоа не е најдоброто нешто во кое сум добар. Не тренирам само демолирање на тренинзи и како да се одбранам од тоа, тренирам ММА“.

Чарлс Оливеира ја освои титулата во мај минатата година со прекин во втората рунда против Мајкл Чендлер, а титулата првпат ја одбрани во декември со „гушење од позади“ во третата рунда против Дастин Пориер.

„Првата рунда ќе биде воинствена, очекувајте сериозен судир. Ќе видиме кој има посилни удари“, додаде Чарлс Оливеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON