Чарлс Мартин: Знаев дека ќе го средам Гласков

Carls Martin Vajceslav Glaskov

Новиот шампион на Меѓународната боксерска федерација во тешка категорија, Чарлс Мартин (САД), бил убеден дека порано или подоцна ќе го среди својот ривал Вјачеслав Гласков.

Средбата заврши уште во третата рунда. Во првите две средбата беше доста здодевна. Во третата Гласков падна на земјата и лошо изврте десното колено. Тој брзо се исправи, но кога беше запрашан дали може да продолжи, Украинецот одмавна со главата негативно. По средбата се покажа дека Гласков скршил врски на десното колено.

„Вложив многу труд за време на подготовките. Подготовките траеја 11 недели. Трпелив боксер сум и знаев дека ќе имаме 12 рунди. Свесен бев дека порано или подоцна ќе го средам“.

Мартин веќе има 23 победи (21 со нокаут) и 1 нерешен. Гласков го забележа првиот пораз во кариерата наспроти 21 победа (13 со нокаут) и 1 нерешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON