Актерот и мајстор на боречките вештини, пред се на каратето, Чак Норис во јули доживеал два силни инфаркти во период од 45 минути.
Првиот напад го имал во хотел во Лас Вегас каде што престојувал со сопругата, а откако бил префрлен во болница, таму доживеал уште еден срцев удар.
Актерот сега се чуствува добро.
77-годишниот Норис во Лас Вегас бил на натпревар по боречки вештини „Јунајтед фајтинг артс“.