Еден од најпознатите исконски борци на УФЦ, Чак Лидел, од пензионирањето не е виден пред камерите, но се чини дека огнот на битката сè уште гори во него, особено борбите со голи раце.
Лидел е еден од најпопуларните борци во историјата на ММА и е можеби еден од борците со најголема заслуга на УФЦ да стане икона на овој спорт.
„Ледениот човек“ е дел од коментаторскиот тим на БКФЦ и неодамна навести дека има интерес да се испроба во рингот.
„Многу зависи. Треба да преговараме. Ако ми дадат доволно пари, да. Но, сето тоа зависи од тоа што ќе понудат. Можеме да разговараме. Ако се заинтересирани, нека ме повикаат”.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, строго му забрани на Лидел да се врати, па дури и беше подготвен да му плати да не се бори, откако загуби од Рич Френклин на УФЦ 115. Тој беше нокаутиран во првата рунда и најави повлекување од организацијата.