Чаир оди на двоен триумф, Баргала смета дека Младинската титула ќе биде нивна, Пинк Пантер порачува да не прават сметки без нив

Во недела ќе се одржи петото коло на Првата и Младинската бокс лига, а заклучно со 6.коло и последно, ќе се добијат екипните прваци на Македонија. БК Чаир е на чело на табелите и во двете конкуренции. Речиси е извесно дека Чаир ќе триумфира во Првата лига, додека во Младинската разликата со штипските екипи Баргала и Пинк Пантер е мала, така што ова ги прави интересни последните две кола.

„Подготвени сме и одиме на победи и во Првта и во Младинската лига. Имаме избор на боксери кои може да го победат секој противник“, рече тренерот на БК Чаир, Фатон Слаиху.

Стратегот на Баргала, Петре Чурлиновски, порачува дека неговите боксери се во извонредна форма и дека одат на триумф и титулата во Младинската лига да ја оденсат во Штип.

„Имаме млада екипа која техничко-тактички е подготвена да одговори на сите предизвици и да ја освои титулата. Ова се млади боксери кои во иднина ќе бидат костурот на репрезентацијата. Честитки до освојувачите на титулите. Се плашам само да не има ескиважи, што на некој начин ќе влијае на конечниот резултат“, вели Чурлиновски.

Пинк Пантер е во тесенц со обврските во Регионалната бокс лига и домашната лига, но истакнуваат дека со младите боксери и покрај проблемите ќе ја напаѓаат титулата и дека тоа ја прави интересна Младинската лига.

Насер Харуни од БК Шкупи нагласува дека и неговите боксери се подготвени и ќе боксираат без калкулации. И Оливер Станков од Аперкат вели дека ќе дадат се од себе за што подобро претставување на младите боксери, а жали што Гоце Јанески се уште не може да и помогне на екипата.

Оптмизам влеваат и од Ас, Лав Куманово, Алексо Огненовски од Охрид, Тернипе.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON