Чаел Сонен верува дека оваа година ќе бидеме сведоци на враќање во кафезот на легендарниот Жорж Сент Пјер. „Раш“ се повлече минатата година откако УФЦ одби да му даде борба со Хабиб Нурмагомедов. 38-годишниот борец се пензионираше во серија од 13 последователни победи, но навести дека може да се врати.
Сонен вели дека нешто големо се случувало околу Сент Пјер, кој молчи последниве месеци, а тоа е знак.
„Не верувам ниту за секунда дека Жорж Сент Пјер е во пензија. Всушност, спротивното е точно. Веќе сме во новата година и верувам дека во 2020 година повторно ќе го видиме Семт Пјер во кафезот. Прашањето е, каде ќе го видиме? Гледаме дека тренира и е во теретана.
Неговиот тренер веќе ги најави овие работи и ги гледаме. Мислам дека има нешто многу бучно за ова молчење со Жорж. Не знам што да размислувам за оваа тишина. Многу разговараме со него, но не го прашувам за тоа. Не секогаш ги сакам одговорите.
Постојат мистерии за него и категоријата во која може да се бори, како и за неговите противници. Не сакам да ги откривам овие мистерии. Конор се враќа, Масвидал станува голема ѕвезда, а Усман ја брани титулата. Во април ќе го видиме Хабиб против Тони Фергусон. Постојат многу места што Сент Пјер може да ги наполни, а сега молчи кога работите почнуваат да се расчистуваат“, рече Чеел за Жорж Сент Пјер во својот подкаст.