Трикратниот олимписки шампион Бувајсар Саитиев почина на 2 март, а причината за смртта беше наведена како срцев удар. Меѓутоа, сега има друга верзија за неговата смрт.
Саитиев на 2 март беше пронајден во тешка состојба од вратар во куќа на улицата Минскаја. Го видел Саитиев како лежи на земја, го ставил на клупа, а потоа истрчал да повика брза помош. Бувајсар немал видливи повреди или крв, па првично не било јасно што се случило со него.
Според „База“, братот на легендарниот борец за време на интервју изјавил дека Саитиев можеби случајно паднал од прозорецот на неговиот стан на третиот кат додека извршувал домашни работи. Оваа верзија сега ја проверуваат иследниците. Бувајсар, кој се здобил со повеќе повреди, бил пренесен во болница, каде подоцна починал.
Саитиев ќе биде погребан во Хасавјурт, најави Михаил Мамиашвили, претседател на Руската боречка федерација (РВФ). Саитиев беше еден од борачите со најмногу титули во слободен стил во историјата. Тој е златен медалист од Олимпијадата во Атланта (1996), Атина (2004) и Пекинг (2008).
Има и шест златни медали од светски и европски првенства. Во 2016 г. Саитиев беше избран за пратеник на Државната дума. Добитник е на Орден за заслуги на татковината, IV степен, Орден за честа и Орден за пријателство. Нека почива во мир!
View this post on Instagram