Бутел триумфираше на „Сараево опен 2017“ со три златни и еден сребрен медал (ФОТО)

Натпреварувачите на Таеквондо клубот Бутел во полн сјај на Меѓународниот турнир „Сараево опен 2017“, освоија три златни и еден сребрен медал во сениорска конкуренција. Таекњондо клуб Бутел е севкупен победник на турнирот во сениорска конкуренција за мажи.

Ова е полн погодок за бутелчани, бидејќи настапија со 4 натпреварувачи.

Европскиот шампион Дејан Георгиевски (+87 кг) покажа зашто е број 1 во Европа, извојувајќи три победи, од кои два со нокаут и суверено го освои златниот медал!

Златни медали освија уште Марко Стевиќ (-87 кг) и Иван Крстевски (-63 кг) кои имаа по две победи, Филип Додевски со една победасо  нокаут и со пораз се закити со сребрениот медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON