Бутел освои 11 медали на „Хереа опен“

Таеквондистите на Бутел се закитија со 11 одличја на најсилниот младински турнир во регионот „Хереа опен 2019“ во Софија-Бугарија. Натпреварувачите на Бутел освоија 1 златен, 5 сребрени и 5 бронзени медали.

Медалите ги освоија:
Класа А
-Филип Стаменов – јуниори,три победи – златен
-Кристина Јовановска – кадети, две победи – сребрен
-Андреј Василевски – кадети, две победи – бронза
-Дамјан Раевски – кадети, две победи – бронза
-Теодор Стојановски – пионери две победи – бронза
-Анџелка Стамкова – кадети, една победа – сребрен
Никола Кокоровски – јуниори, една победа – бронза
-Христијан Спасовски – сениори – бронза

Класа Б
-Ведрана Туневски – пионери, една победа – сребрен
-Рина Гаши – пионери, две победи – сребрен
-Ева Бошевска – пионери, една победа – сребрен

На турнирот настапија околу 1000 натпреварувачи од 10-тина држави.

„Немавме среќа во финалињата, но одиме натаму. Нова генерација борци кои ќе дадат се од себе да ги следат стапките на Коки, Деки, Фичо, Марче, Ицо, Маца“, велат од клубот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON