Бутел е најуспешен клуб на таеквондо турнирот Охрид опен што се одржа вчера во организација на ТК Хва ранг фист и МТФ. Потоа следат Корио и Феникс кик.
По Аеродром опен, ова е втор турнир годинава кој е дел од лига системот на МТФ.
Пласман по клубови на Охрид опен:
1.Бутел – 225 поени
2.Корио- 182 поени
3.Феникс Кик – 131 поени
4.Младост – 114 поени
5.Тигри – 95 поени
6.Штип – 84 поени
7.Хва ранг фист – 78 поени
8.Кобра – 78 поени
9.Сила – 62 поени
10.Те макс – 61 поени
11.Гоце Делчев – 48 поени
12.Помсае – 28 поени
Следен турнир како дел од лига ссистемот на МТФ ќе биде „Штип опен“, овој турнир кој ќе се одржи на 15 јуни во Штип. Според лига системот на МТФ, предвидени се вкупно 6 турнири во текот на 2025 година. Според превидените 6 турнири од лига системот, на крајот на годината ќе има официјално рангирање за најдобри клубови и спортисти согласно донесениот правилник на МТФ.