Бутел, Кобра и Младост се најдобрите екипи на Меѓународниот таеквондо турнир „Кобра опен“

Изминатиов викенд во Скопје се одржа 3.Меѓународниот таеквондо турнир „Кобра опен“ во организација на ТК Кобра.

Првото место екипно во А класа го освои Бутел со 146 поени, второ место му припадна на домаќинот Кобра со 116 поени, а на трето место е Младост со 94 поени.

На турнирот имаше над 200 учесници од Македонската таеквондо федерација, како и учесници од Србија и од Бугарија.

„Турнирот по трет пат го организатораме и сме многу задоволни од целокупната организација и високото второ место кое го постигна нашиот клуб ТК Кобра“, вели Катерина Мијахлова.

Севкупен пласман Класа А:

  1. ТК Бутел 146 поени
  2. ТК Кобра 116 поени
  3. ТК Младост 94 поени
  4. ТК Хваранг Фист 73 поени
  5. ТК Те Макс 48 поени
  6. ТК Корио 47 поени
  7. ТК Феникс кик 38 поени
  8. ТК Гоце Делчев 19 поени
  9. ТК Поомсе 16 поени
  10. ТК Тигри 14 поени
  11. ТК Феникс булевар 7 поени
  12. ТК Нерон 2 поени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON