Екипата на Таеквондо клубот Бутел од Скопје е најуспешна екипа на вториот Меѓународен турнир „Скопје опен 2015“, на кој учествуваа 178 натпреварувачи од 12 клуба од две држави. Бутел имаше 10 први места, 9 втори и 13 трети.
Потоа следат екипите на Петровец (8-3-7), Тигри-Скопје (8-4-2), Кобра (5-5-3), Рамус (5-4-0) итн.
Во сениорска конкуренција најдобар е Дејан Георгиевски (Бутел), кој годинава постигнува одлични резултати, на второ место е Сотир Димитров (Хереја) и Марко Стевиќ (Бутел) е на третото место.
Сите резултати од „Скопје опен 2015“: http://taekwondo.com.hr/Tournament/skopje-open-2015/Results/127?dg=159
ipon.mk/В.Д.