Вчера во Скопје се одржа Меѓународниот таеквондо турнир „Корио опен 2023“, а најдобар во вкупниот пласман беше Таеквнодо клубот Бутел со 142 поени, втор е Младост 102, трет е Корио 68, па следат Кобра 54 и Те- Макс 46 бодови.
Останатите пласмани во прилог.
На турнирот во организација на ТК Корио и МТФ учестуваа 300 учесници од државава и регионот.
Турнирот го отворија градоначалниците Орце Ѓеоргиевски (Кисела Вода) и Дарко Костовски (Бутел).
Претседателот на Македонската таеквондо федерцаија д-р Борче Костовски истакна дека македонското олимписко таеквондо ќе продолжи да биде носечки спорт во Македонија.