Осум борачи на Бучим ќе настапат на Балканското првенство за кадети и У-15 и Медитеранските игри за кадети и младинци во Ксанти, Кавала – Грција, од 26 до 31 октомври.
Од Бучим во репрезентацијата на Македонија ќе настапат: -52 кг Мехмет Усинов, 85 кг Илија Атанасов во У-15; кадети и кадетки 55 кг Михаило Илиев и Георги Ѓоргиев, 60 кг Арон Николов, 71 кг Никола Танев, 53 кг Зорица Јованова и во младинци 74 кг Стефан Димитров.
Тренерот Горан Атанасов очекува медали од неговите борачи на овие две натпреварувања.