Промоцијата Маршализам сквер – МАС/MAS објави дека успеала да договори борба меѓу тајландските легенди.
Букав Банчамек ќе се бори против Јодсанклај Фаертекс.
„Борбата која боречките фанови низ светот бараа, се молеа за неа, мечтаеја за неа и се караа за неа, доаѓа …“ беше објавено на Фејсбук страницата на организацијата.
Датумот на борбата сè уште не е објавен, а двајцата веќе имаат договорени обврски.
36-годишниот Буакав во неделата во Патаја се бори со Французинот Гаетан Дамбо.
33-годишниот Јодсанклај на 7 декември ќе настапи на ОНЕ шампионатот во Малезија против Австралиецот Луис Реџис.
На 10 ноември МАС организира настан во Макао на кој 218 сантиметри високиот Хонг Ман Чои ќе се бори со 176 сантиметри високиот Кинез Ји Лонг Лонг.
.