Легендата Буакав Банчамек се враќа во рингот.
Ѕвездата од Тајланд ќе има кик бокс средба со стариот познаник Најанеш Ајман. Нивната борба ќе се одржи на 2 декември во Тајланд. Дуелот ќе биде број 281 за Банчамек. Борбата беше брутална кога Буакав и Ајман прв пат се сретнаа на 4 февруари 2018 година на Кунлун Фајт 69 во Кина.
Борбата заврши спектакуларно, а Банчамек го нокаутира противникот уште во првата рунда. Буакав загуби само една од неговите последни 20 борби во овој спорт. Оваа борба е шанса за Буакав повторно да го докаже победничкиот од, но и шанса за Ајман да се надмине и да покаже дека пораснал како борец.
Пред само неколку дена Буакав во борба со голи раце го совлада Саенчаи. Сега е време за уште една борба во рок од еден месец. Се чини дека навивачите повторно ќе бидат сведоци на незаборавен спектакл. Банчамек сега има над 280 борби во овој спорт и ретко ги разочарува навивачите.
Buakaw Banchamek vs Nayanesh Ayman para el 2 de Diciembre en Kickboxing 🔥🔥🔥 #RWS pic.twitter.com/txNXGArJpj
— Pelunaton (@pelunaton) November 9, 2023