На 6 јуни во Кина ќе се одржи турнир во мај тај, каде што Буакав Банчамек ќе се соочи со Кинезот Ји Лонг, кој е монах во Шаолин.
Ји Лонг долги години тренирал кунг фу, а претходно се сретна со мај тај борецот Судсакорном Сор. Клинми. Средбата заврши со победа со судиска одлука на Судсакорном.
Претходниот дуел на Буакав беше на 2 мај во Кина. Тогаш тој ја одбрани титулата светски шампион против Кинезот Јуан Бинг.