Брзината во каратето

vlado-mavasi

Во боречките спортови, каде што припаѓа и карате спортот, брзината е од големо значење.

Меѓутоа, во карате борба не трчаме побргу од едно место до друго. За нас е побитна стартната брзина.

Квик (англиски збор) е дел од брзината, односно тоа е брзо просто движење на почетокот на реакцијата (на иницијалната реакција).

Во телото имаме спори мускули (долги или црвени ) и брзи мускули (кратки или бели). Во зависност од тоа какви мускули има поединецот, ќе зависи и брзината на неговата контракција.

При вршење на одредена работа имаме агонисти, (мускули кои ја работаат работата) и антагонисти (мускули кои работаат контра агонистот. На пример, при подигнување на раката од лакт нагоре, бицепстот кој е агонист ја врши работата, додека, пак, трицепсот, кој е антагонист, работи контра бицепсот. Што значи дека, ако трицепсот (антагонистот) е стегнат, на бицепсот (агонистот) ќе му треба повеќе време за да ја изврши работата. Затоа, антагонистот мора да е релаксиран. Односно, релаксиран мускул е брз (квик) мускул. Истото важи и за ударите со нога.

За брзи удари, целото тело треба да биде релаксирано. Односно, мускулите мора да бидат релаксирани, целото тело мора да е релаксирано. Исто така, движењата треба да бидат природни.

Со брзината доаѓа и снагата. Односно, брзината и снагата дејствуваат заедно, ама во каратето е поважна брзината. Со брзина имаме и сила во ударите, додека не мора и обратно. Може спортистот да дига големи тежини, а не мора да има јак удар.

м-р Владо Апостолов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON