Брутална верзија на ММА во Полска – во кафез од седум квадрати! (ВИДЕО)

Ултимејтфајтот и серијата УФЦ, како и ММА се екстремно полуларни во светот поради жестоките пресметки на борците, но во Полска смислија уште побрутално издание под името „Фејм“ во кое противниците скоро да се затворени во кафез со мала димензија и немаат можност да „избегаат“ за да пододморат.

Во Гдањск се одржа ваква верзија на „Фејм“ во која се тепаа Јачек Мурански и Аркадиуш Танкула. Двајцата влегоа во кафез од само седум квадратни метри, што значи дека нема ни секунда одмор, никаква посебна тактика, туку чиста борба до крај на радост на навивачите.

За разлика од вистинскиот октагон кој е широк девет метри.

https://twitter.com/Matysek88/status/1462705082231930883?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1462705082231930883%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fkikboks%2Fpoljacite-smislija-pobrutalen-ultimejtfajt-vo-kafez-od-sedum-kvadrati

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON