Допинг скандалот го потресе ПФЛ, дури девет борци се под истрага од Спортската комисија на Невада, откако во нивните примероци беа пронајдени недозволени супстанци.
Тројца веќе се казнети. Поранешниот противник на Анте Делија, Бруно Капелоца, беше позитивен на дростанолон по неговата победа во првата рунда со нокаут против Матеус Шефел.
Бразилецот е казнет со 11.451 долари и суспензија од девет месеци. Мечот против сонародникот е откажан.
Полскиот полутешкаш Кшиштоф Јотко е суспендиран на шест месеци и казнет со 6.826 долари.
Јотко загуби во првото коло од Вил Флери, чиј тест исто така беше позитивен.
А Мексиканецот Алехандро Флорес, борец во перо категорија, доби шестмесечна суспензија и треба да плати казна од 2.926 долари.
Флорес го победи Даниел Торес, кој исто така беше позитивен на допинг тест.
Покрај Флери и Торес, изрекување на казна се уште чекаат Тијаго Сантос, Ризвано Куниев, Мохамад Факредин и Сезар Фереира.