Бронзениот на ЕП во џиу џицу Никола Ангеловски: Мојата цел е да станам светски првак!

nikola-angleovski-i-tatko-mu

Македонија е расадник на таленти во боречките спортови, но сите не нсатапуваат за нашата земја бидејќи живеат во други држави, а некои од нив и таму се родени. Никола Ангеловски кој потекнува од Куманово изминатиов викенд насатпи за со екипата КСЦ Ханау- Германија на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2016“ и го освои првото место во категоријата до 69 килограми во конкуренција на јуниори до 21 година.

nikola-angelovski-so-ekipata-na-hanau-vo-skopje

Никола Ангеловски настапува за греманската репрезентација за која го освои бронзениот медал на Европското првенство за јуниори.

„Мојата цел е станам светски сениорки шампион, а и олмписки кога џиу џицу ќе стане дел Олимписките игри“, изјави Никола за Ipon.mk, кој на турнирот покажа сигурност и добро валдеење на џудо техниките и на карате ударите.

Секогаш покрај него е татко му Марјан Анегловски кој го поддржува во неговите намери да стане борј еден во овој спорт. Тие се горди на своето кумановско потекло, затоа соработката со македонските клубови многу им значи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON