Кадетско-јуниорскиот ката тимови на мажи и жени освоија бронзени медали на Балканското првенство во Сараево.
Во првото коло женскиот ката тим (Димеска, Камческа, Талеска) ја совлада репрезентацијата на Турција со 4-1, а во полуфиналето загуби од Хрватска со 3-2. Во репасажот немаше противник така што нашиот тим стана директен освојувач на борнзениот медал.
Мажите (Васиќ, Димитријевски, Бановски) имаа потежок пат. Прво ја совлдаа Романија 5-0, а изгубија 0-5 од Турција, но во репасажот славеа со 5-0 против Црна Гора.
Јуниорската репрезентација во борби за жени е поразена од Црна Гора со 2-0, а машкиот со 3-2 од Босна и Хрецеговина, но доби шанса во репасажот која не ја искористи и беше совладан од Турција 0-3.
Јуниорките до 21 година ја совлдаа Босна и Херцеговина 2-0, а со истиот резултат изгубија од Словенија, но и во репасажот со Србија. Јуниорите до 21 загубија со 3-0 од Хрватска.
Ipon.mk/В.Д.