Алпај Демиров (-60 кг) и Ѓоше Ѓошев (-54 кг) ги освоија бронзените медали на силниот Меѓународен турнир за кадети „Емил Жечев“ во Софија, Бугарија.
Демиров во полуфиналето е совладан од домашниот боксер Коста Симеонов кој е освојувач на сребрен медал од Европското првенство за кадети во 2017 година. Нашиот репрезентативец извјојува две победи на овој турнир против Кристофер Спанос од Кипар и Ален Ахметовиќ. Ѓошев, кој диркетно се пласира во полуфиналето, е поразен од домашниот боксер Николај Атанасов загуби со прекин во првата рунда.
„Учеството на тројцата боксери на Македонија на Меѓународниот турнир „Емил Жечев“ заврши со два бронзени медали. Ѓоше Ѓошев, кој дирекно се најде во полуфиналето, за противник го имаше бугарскиот боксер Николај Атанасов од кого загуби со прекин на почетокот на првата рунда, па така остана само со бронзениот медал. Додека боксерот Алпај Демиров, почнувајки од елиминационите борби до полуфиналето извојува две победи, а за пласман во финалето го имаше поискусниот домашен боксер Коста Симеонов. Бугарскиот боксер е освојувач на сребрениот медал од Европското кадетско првенство 2017 година во Албена-Бугарија. Младиот боксер Алпај Демиров во сите три рунди рамноправно и без респект му се спротивстави. Со мала предност победи бугарскиот. Можам да кажам дека сум задоволен од постигнатото и прикажаното на овие млади боксери кои за прв пат настапија на вака силен турнир, а посебно од боксерот Алпај Демиров“, истакнуваат селекторот Петар Чурлиновски и тренерот Фатон Салиху.
Ipon.mk