Бронзен медал за женската екипа во карате на Универзијадата во Загреб (ФОТО)

Univerzijada devojki na piedestal treti 2016

Македонскиот карате спорт блесна на Универзијадата во Загреб и Ријека, Хрватска, со освојувањето на бронзениот медал во екипна конкуренција во борби како Универзитет „Свети Кирил и Методија“ од Скопје.

Makpetrol univerzijada treti 2016 zagreb

За медалот се изборија: Симона Заборска, Сара Радичевска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска.

„Многу сум среќен од постигнатиот успех. Успеавме да освоиме бронзен медал во најтешката дисциплина екипно борби. Задоволството е поголемо, бидејќи до патот до медалот моравме да победиме две турски екипи со многу висок рејтинг составени од европски шампионки. Овој женски тим на секое првенство ги потврдува своите високи вредности. Тие сега имаат во својата богата ризница уште еден вреден медал прв во македонската карате историја. Во текот на утрешниот ден сите тие ќе настапат и во поединечна конкуренција. Првиот ден ние успеавме да освоиме медал и сега имаме поголема самодоверба и најверојатно ќе се радуваме на уште успеси“, изјави селекторот Бошко Заборски.

karate univerzijada 2016 devojkite i bosko

Нашата екипа загуби од словачка екипа, но во репасажот се покажаа во вистинско светло и ги совлдаа студентите од Мармарис и Истанбул, Турција, кои во своите екипи имаа и европски и светски прваци.

Инаку во Хрватска до 25 овој месец се одржуваат 3. Европски универзитетски игри-Универзијада, во 21 спорт.

karate univerzijada zagreb 2016 devojki treti

Нашите студенти за Универзијадата се подготвуваа во Сутоморе-Црна Гора, каде што карате клубовите Макпетрол, Металург и Кеикс имаа семинар, кој беше посветен на летните натпреварувања, а сето тоа се спроведе преку ТА „Скаут“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON