Бронзен медал за Талетино Милошевски на „Загреб 2015“ во граплинг!

Taletino Milosevski so zname

Талетино Милошевски на Меѓународниот турнир „Загреб 2015“ во граплинг го освои третото место, откако забележа три победи и еден пораз, и тоа само со еден поен. На турнирот учествувале натпреварувачи од Хрватска и Македонија.

Taletino Milosevski so

Милошевски (31 година) е член на ММА клубот „Стршлен“ од Скопје, а негов тренер е д-р Синиша Стојаноски. Тој долго време се занимава со боречките спортови и има освоено повеќе медали во различни спортови.

Во самбо има освоено златен медал на Државното првенство 2013 година во Скопје, сребро во граплинг исто така Државното првенство во 2013 година и второ место на Државното во џиу џицу во 2014 година.

Taletino Milosevski mala spaga

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON