Берна Шерифовска во категоријата до 57 килограми го освои бронзениот медал на Балканското првенство за сениори во Софија, Бугарија, која се одржа вчера.
Таа во првото коло беше слободна, а во второто беше победена Бугарката Гергана Вацова, а во полуфиналето загуби од Тања Божовиќ од Црна гора.
Во борбата за бронзениот медал, во репасажот, Берна славеше со 1-0 против Џурџевац Божица од Црна Гора, а бронзен медал освои и Србинката Сара Божиќ, додека втора беше Роксана Јонаца од Романија. Во оваа категорија имаше 10 натпреварувачки.
Нашата втора натпреварувачка, Катерина Николоска, насатпи во категоријата до 63 килогарми и имаше шест натпреварувачи, а беше во пул „Б“. Во оваа група уште беа Теа Тинтор од Србија и Изабел Христова од Бугарија. Нашата репрезентативка претрпе два порази, и од Тинтор и од Христова, додека Србинката беше подобра и од Бугарката.
Балкански шапион е Ања Обрадовиќ од Србија, која беше подобра од Тинтор. Бронзени медали освоија Христова и Селма Ограшевиќ од Босна и Херцеговина.
Николска е стипендист на Македонскиот олимписки комитет.
ipon.mk/В.Д.