Армин Идризи (55 кг) од БК Тефејуз го освои бронзениот медал У-23 на Меѓународниот турнир на „Браќата Саитиеви“, (најдобрите борачи во светот) во Лиеж, Белгија.
Турнирот е за кадети, јуниори и за борачи до 23 години и учествуваа борачи од 15 земји.
Покрај Идризи настапија и Амар Мурад (60 кг), Бујамин Нуиши (76 кг) и Рамадан Мустафовски (-84 кг).
Ipon.mk/В. Д.