Во многу силната конкуренција Арбреша Реџепи освои бронзен медал на Меѓународниот турнир „Корошка опен 2015“ во категоријата – 48 килограми за помлади кадетки. Реџепи одлиично се борела во сите борби.
На турнирот настапиле 847 спортисти од 102 џудо клубови од 28 држави. „Според квантитетот и квалитетот на џудистите, ова е еден од најдобрите меѓународни турнири“, велат од ЏК Ипон.
Покрај Реџепи на овој меѓународен џудо турнир настапија и: Артан Рушити, Али Исмаили, Амра Фејзула и Анастасија Качаниклиќ.
„Другите наши џудисти имаа одлични борби, но не успеаја да се закитат со Медали. На некој од нив ова им беше прв настап на ваков голем турнир. Нашите кадетки настапија и на екипниот натпревар, заедно со дел од репрезентацијата на Египет.Имаа две борби, но не успеаа да се закитат со медал во екипна конкуренција. На овој турнир нашите спортисти се стекнаа со уште едно меѓународно искуство, прикажаа
одлични борби. Претстојат уште неколку натпревари од контролен карактер, напорна работа во клубот, односно новата сезона да биде пречекана со максимално подготвени спортисти“, потенцираат од Ипон.
Ipon.mk/В.Д.