Бронза за Марко Митевски на „Скопје опен“ – Г1 серија, добар настап на Блажевска

ТК Тигри денес настапи со двајца натпреварувачи на Меѓународниот турнир Скопjе oпeн Рамус Г1 и освои еден медал.

Во кадетска конкуренција Марко Митевски освои бронзен медал со победа над противник од Грција и пораз во полуфинале од натпреварувач од Израел.

Јана Блажевска во јуниорска конкуренција -59 кг имаше одлична борба против турчинката Елиф Фиринчи.

Ова е прв Г-1 натпревар за младите натпреваривачи од ТК Тигри, а тренерот Ефтимов е задоволен од одличниот настап на новите таленти од клубот.

Да потсетиме, утре од овој клуб се борат олимпијката Милијана Рељиќ и Горјан Бадаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON