Катерина Ацевска освои бронзен медал на најсилниот сениорски џиу џицу турнир „Гранд при Париз“ во категоријата над 70 килограми.
Ова е голем успех за Ацевска бидејќи успехот е постигнат на еден од најпрестижните турнири за сениори, Катерина покажа дека може да се носи со светската елита.
За бронза ја совлада светската шампионка Лота Сандер од Германија 16-0.
Гранд при Париз:
Катерина Ацевска – Ања Гверке (Германија) 0-50 (ипон)
Катерина Ацевска – Гондри Морган (Франција) 50-0 (ипон)
Катерина Ацевска – Дорт Шерли (Франција) 50-0 (ипон)
За бронза
Катерина Ацевска – Лота Сандер (Германија) 16-0