Ема Петрушевска освои бронзен медал на Астерикс куп Е-3.
Ова е еден од најсилните натпревари на Балканот во кадетска конкуренција, Ема успеа да ја победи Гала Грубаќ од Србија со 2-0 во рунди, а во полуфиналето беше поразена од Словакињата Мамути Заинаб со 0-2.
Од ТК Тигри на овој турнир настапи и Марко Митевски во кадети -49 кг кој беше поразен во првото коло. Марко на Скопје опен имаше освоено бронзен медал.
„Имаме млади таленти од ТК Тигри за кои очекувам во иднина да имаат одлични резултати“, вели тренерот Александар Ефтимов и додава:
„Следниот викенд во Киркијанштад, Шведска, нашата најдобра спортискта за 2024 година, олимпијката Милијана Рељиќ, ќе настапи на Шведска опен, заедно со Горјан Бадаровски, кој покрај бронзениот медал од Скопје опен ќе оди на уште еден медал од големите Г-1 турнири“.