Бронза за Дејан Георгиевски на „Бугарија опен“ од Г2 серијата и нови поени за олимписка норма

Дејан Георгиевски освои бронзен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен“ од светскаката серија Г2.

Георгиевски во полуфиналето требаше да се бори со стариот познаник Чеик Салах Сисе (БСК), но поради повреда Дејан не можеше даги одмери силите со Сисе.

„Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина.

Дејан, за жал, не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница.

Теквондо е фулконтактен боречки спорт во кој многу често се минува низ пеколни повреди, Дејан поминал премногу, и тоа го прави вистински шампион. Искрено се надеваме дека овој пат се ќе мине полесно !

Соколот денес се крена високо, ќе остане таму до следниот предизвик за две недели во Белгија“, напишаа на официјалната Фејсбук страницана Македонската таеквондо федерација.

Резултати

-87 кг
Филип Додевски – Геон Воо (Јужна Кореја) 0-2 (2-12, 0-12)

+ 87 кг
Дејан Георгиевски – Солтирос Михопулос (Грција) 2-0 (7-3, 14-3)
Дејан Георгиевски –  Андриј Харбар (Украина) 2-0 со прекин
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Чеик Салах Сисе (БСК) без борба, повреда

-46 кг
Фросина Рајковска – Сера Гаје (Франција) 0-2 1/8 финале

-62 кг
Мила Рељиќ – Татјана Томчак (Полска) 0-1 прекин  1/8 финале

-73 кг
Анамарија Георгиевска – Ребека Фуреди (Унгарија) 0-2 1/8 финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON