Давид Цеков –(68 КГ) од ТК Феникс освои бронзен медал на Меѓунардониот турнир Романија „Балкан куп Г1“.
Во прво коло беше слободен поради добриот ранкинг, а во второто го победи Ифтница Дариус Цон од Романија, додека во полуфиналете е поразен од Емин Демиќ од Босна и Херцеговина.
„Ова е огромен успех за олимпиското таеквондо. Нови бодови на светската ранг-листа за нашите натпреварувачи“, велат од Френикс.
На овој натпревар настапи и Лука Ангелов (-68 кг) кој во првото коло беше слободен поради добриот ранкинг, а второто беше поразен.