Бронза и злато за Столе Ефтимов на Државното првенство на Бугарија, во поединечна и екипна конкуренција

Столе Ефтимов го освои бронзениот медал на Дражавното поединечно првенство на Бугарија во категоријарта до 92 килограми со екипата на Левски од Софија, додека со клубот стана екипен првак.

„Имав 4 борби, во 3 победив, но изгубив од натурализиран Русин и го освоив третото место. А со мојот клуб бевме убедливо први. Станавме шампиони на Бугарија“, вели Ефтимов кој студира и тренира во Буагрија, а под чудни околности не настапи на Европското првенство во У-23 во Скопје за македонската репрезентација.

Фото: ФБ-Столе Ефтимов, Стар фото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON