Четирикратниот светски првак Адријан Бронер (33-3-1, 24 КО) и двократниот светски првак Џеси Варгас (28-2-1, 10 КО) ремиизраа пред 14.000 навивачи во Њујорк.
Во мечот во кој Варгас беше поактивен, а попрецизен Бронер, една судика му даде победа на Бронер 115-113, а останатите двајца судии бодуваа 114-114.
Жермал Шарло (27-0, 21 KO) стана задолжителен предизвикувач на ВБЦ првакот во средна категорија, Генади Головкин.
27-годишниот боксер од Хјустон ја освои привремената титула нокаутирајќи го на почетокот на втората рунда Хуго Сентен Јуниор (26-2, 14 КО).
Гервонта Дејвис (20-0, 19 КО) по втор пат стана светски првак во суперлесна категорија. Во мечот за испразнетата титула на ВБА „супер“ на 23-годишниот Американец три пати го соборуваше Аргентинецот Хезус Куелар (28-3, 21 КО) пред прекинот во третата рунда.
.