Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија и сегашна ѕвезда на WWE, Брок Леснар, даде интересен коментар за двете организации.
„Се разбира дека Дана Вајт е актер, секој го знае ова. Тој мора да ги продава мечевите на УФЦ, да привлекува спонзори и да ги продава на телевизијата.
Во УФЦ го прават истото што го правиме и ние – создаваме интрига меѓу борците и ги продаваме. Промовираме лични непријателства на луѓето, за да заработат.
Разликата е дека во тоа што во кечерството имаме малку подобар однос и исплата за разлика од УФЦ. Сè тоа е театар!
Можеби во одбрана на УФЦ ќе додадам дека без спонзори и парите од телевизијата никогаш немаше да стигнат до ова ниво. Но кечерството и ММА се иста монета“.
Леснар верува дека дека Мек Махон е подобар во својата работа од Вајт.
„Винс е пионер во сето ова. Со ова се бави цел живот. И ѓаволски е добар во тоа„.
Леснар (38 години) во почетокот на ова столетие беше голема кечерска ѕвезда. Потоа ја освои шампионската титула во УФЦ, во својата четврта борба. Минатата зима беше во преговори за враќање во УФЦ, но, сепак с еодлуќи да остане професионален борач-кечер.