Брок Леснар се враќа во УФЦ

Една од најголемите ѕвезди во историјата на УФЦ, Брок Леснар (5-3-1НЦ, 4-3-1НЦ УФЦ) се враќа во најсилната ММА промоција во светот.

Веста ја објави претседателот на УФЦ, Дана Вајт, за време на гостувањето на УФЦ Тунајт која ја води Даниел Кормиер.

„Да, Брок Леснар се враќа. Не знам кога, но се враќа“, изјави Вајт.

40-годишниот Американец последната ММА борба ја направи во јули 2016 година, кога со едногласна одлука го совлада Марк Хант. Исходот е поништен бидејќи поранешниот шампион на УФЦ беше позитивен на два допинг теста. Беше суспендиран на една година и беше казнет со 250.000 долари, па се врати во World Wrestlin Entertainment.

Леснар со победата над Ренди Котур во ноември 2008 година во својата четврта борба ја освои титулата на УФЦ во тешка категорија.

https://youtu.be/F5K_xUPCQcY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON