Пред неколку недели Aлександaр Усик по втор пат го победи Тајсон Фјури и ги одбрани титулите во тешка категорија на ВБЦ, ВБО и ВБА.
Непоразениот Украинец минатиот мај во мечот за апсолутен шампион го совлада Џипси Кинг, а во реваншот беше уште поубедлив и остана на тронот.
Љубителите на боксот со нетрпение го очекуваат следниот потег на Усик, но британскиот боксер Фрејзер Кларк истакнува дека на украинскиот борец нема што да докажува.
„Нема потреба од трилогија меѓу Усик и Фјури. И никој немаше да го обвини Усик, иако пред неколку дена најави дека се пензионира. Освои се што му требаше и повеќе не мора никому да се докажува“, рече Фрејзер Кларк и продолжи:
„Не знам зошто боксер сега би морал рано да стане од кревет. Ги победи Џошуа, Дубоа и Фјури, а тие се најголемите момци на врвот на дивизијата. Мислам дека мечот против Вајлдер не би му значел ништо. Можеби сега би сакал да слушнам од него: „Си заминувам, ова беше сè од мене“.
Британецот се осврна и на евентуален меч меѓу двајцата најголеми тешкаши на Островот.
„Дали сакам да го гледам Тајсон Фјури против Ентони Џошуа? Апсолутно. Јас сум голем љубител на боксот“.