Бриедис го победи Марко Хук за шампионската титула на ВБЦ

Маирис Бриедис (22-0, 18 КО) е новиот ВБЦ и ИБО шампион во крузер категорија.

Непоразениот 32-годишниот Латвиец во Дортмунд во мечот за слободната титула со едногласна одлука на судиите го совлада ИБО шампионот Марко Хук (40-4-1, 27 КО).

Судиите меч го бодуваа 116-111, 117-110 и 118-109.

Доскорешниот шампион Тони Белју доби почесен статус кој му овозможува да се бори за појасот кога сака.

На настанот боксираше и полутешкашот од БиХ, Емил Маркиќ, кој со прекин во втората рунда против Грузиецот Беке Адуашвили (21-10, 11 КО) го подобри својот скор на 24-1, 19 КО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON