Брендон Морено се враќа за да ја предводи галата на УФЦ во ноември

Брендон Морено (21-8-2) официјално ќе се врати во октагонот по половина година отсуство за да ја предводи галата Фајт најт на УФЦ во Едмонтон на 2 ноември. Веста ја пренесе Дана Вајт.

Поранешниот светски шампион во мува категорија ќе се соочи со Амир Албази (17-1) од Ирак, за да се обиде да го задржи статусот на главен предизвикувач за појасот во дивизијата.

Мексиканецот во последената борба во февруари го загуби реваншот со Брендон Ројвал (16-7).

На борбената картичка ќе се најдат и Ерин Бланкфилд против Роуз Намахунас, Дерик Луис против Џонатан Диниз, Ајеман Захаби против Педро Муњоз, Мајк Малот против Тревор Гилс, Каијо Мачадо против Бренсон Рибеиро, Александар Романов против Родриго Насименто,Чад Анхелигер против Коди Гибсон, Шери Сајди против Гарет Армфилд, Марк-Андре Бариул против Дастин Столцфус, Аријане да Силва против Јасмин Јасудавичиус и Џејми-Лин Хорт против Ивана Петровиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON