Борците на УФЦ во средна категорија Брендан Ален и Марвин Ветори се степаа по галата на ПФЛ.
Ален и Ветори ја скратија дистанцата во казино во Холивуд, Флорида. Алекс Бехунин откри дека Ветори го нападнал борецот Туко Тукос, по што Ален удрил серија удари врз Италијанецот. На социјалните мрежи се појавија снимки од тепачката, кои ги коментираше и Дана Вајт.
„Ова требаше да биде борбата на ноќта, ако беше во ПФЛ“, напиша Вајт на социјалните мрежи.
Ален (24-5) има 12-2 откако се приклучи на УФЦ. Тој ги доби последните седум борби во организацијата на Вајт. 28-годишниот борец треба да се соочи со Насурдин Имавов на главниот настан на УФЦ Париз на крајот на септември.
Ветори (19-6-1) добии две од четири, откако го предизвика Израел Адесања за појасот на УФЦ во 2021 година, победувајќи ги со судиска одлука Пауло Коста и Роман Долиџе. Марвин беше неуспешен во борбите против Роберт Витакер и Џаред Канониер.
Тој се уште нема закажана борба за наредните месеци.