Боксерот во полутешката категорија, 39-годишниот Колумбиец Александер Бренд излезе со прогноза за претстојниот меч меѓу Сергеј Ковалев и Андре Ворд.
„Во ударите на Ворд нема никаква сила. Нема сила. Ковалев ќе го нокаутира“.
Да потсетиме дека Бренд загуби со судиска одлука од Ворд пред неколку дена, па очигледно сеќавањата му се свежи.
Мечот меѓу Ворд и Ковалев ќе се одржи на 19 ноември во Лас Вегас.