Адам Бреидвуд, боксерот кој му зададе фаталниот удари на Тим Хаг проговори по смртта на поранешниот УФЦ борец.
34-годишниот Канаѓанец почина во болницата од повредите здобиени во бокс мечот во Едмонтон.
„Почивај во мир брате, секогаш ќе живееш во моето срце. Од сега па натаму ќе се борам за нас двајцата. Знам дека би го сакал топа“, објави на Твитер.
Даде и интервју за канадската ЦТВ Вести.
„Се разбира дека ова не е добро за никого. Сакам да се концентрирам на Тим и неговото семејство, особено на неговиот син. Тие се вистинските жртви тука … Треба да се концентрираме на нив, затоа што јас се уште сум жив“.
Бреидвуд го сметаше Хаг за пријател. Рече дека имал лошо чувство кога заврши борбата.
„Знаев човече. Знаев во рингот. Го видов начинот на кој падна.
„Чекав на колена да се помрдне по мојата мала глупава прослава. Луѓето може да кажат што сакаат. Чекав на колена“.
Бреидвуд и одговори на критичарите и на новинарите кои се прашаа зошто борбата не беше прекината порано и зошто тој како боксер со сооднос 7-1 се бореше со Хаг кој беше 1-2.
„Што знаат тие? Тие не се борат. Тој сакаше да ја продолжи борбата. Новинари, ова, она луѓето кои пишуваат сешто. Тие не знаат што зборуваат. Како може тие да одлучуваат што треба ние да направиме“?
„Тим сакаше да продолжи со борбата и го направиме тоа. Ако луѓето имаат заблуди за овој спорт, за тоа каков е животот на некого како мене, всушност, кој нема ништо друго, нека се обиде да оди во моите чевли. Би го сторил истото. И тој ќе ми го направеше исто на мене, верувајте ми“.
Бреидвуд вели дека никој не треба да се обвинува за тоа што се случило.
„Тоа не е ничија вина. Тоа не е вина на судијата. Судијата го праша. И ако се свесни и присебни … Видов на снимката. Тим беше присебен. А рече дека сака да продолжи да се бори. Тоа е вистината. Нема тука неикакви шпекулации. Тој сакаше да продолжи да се борам и продолживме да се бориме“.
Преку интернет се собрани 20.000 долари за погребот на Хаг. Зад себе го остави на 9-годишниот син Брејди.
https://youtu.be/-GK52D8slK4
https://youtu.be/fmeryqY87Qc
.